Магична вечер за турските тимови во Евролигата

Фенербахче поведе со 2-0 во четвртфиналето против Париз баскет, додека Анадолу Ефес приреди големо изненадување во Атина и изедначи на 1-1 во серијата против еврпскиот првк Панатинаикос.

Фенер со 89-72 беше подобар од Французите кои беа предводени од македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс кој даде 18 поени и 4 асистенции за 24 минути игра. Сега турскиот тим ќе има две меч-топки во Париз за да се најде на завршниот турнир кој ќе се игра во Абу Даби.

Вистинска драма се одигра во Атина каде Ефес победи со 79-76 и тоа благодарение на одлично одиграната последна четвртина која ја доби со 29-16. Серијата се сели во Истанбул и Панатинаикос ќе мора да победи барем еднаш на следните два меча ако сака уште еднаш да одигра дома.

- Оглас -

Најнови вести