Магичниот Ибра блесна со два гола и потврди дека беше во право со една негова изјава (Видео)

Златан Ибрахимовиќ уште еднаш ја потврди класата откако со два гола беше најзаслужен за победата на Милан на тешкото гостување кај Сасуоло со 2:1. Милан со оваа победа се проби на петтото место на табелата, покажувајќи дека има реални шанси да се надева за излез во Европа.

Сите три гола на овој меч беа дадени во првото полувреме. Ибрахимовиќ погоди во 19-тата минута за водство од 1:0, а Сасуоло со погодокот на Капуто од пенал израмни во 42-рата минута. Иако имаше само уште три минути до полувремето, тоа беше доволно за Ибрахимовиќ да го постигне и вториот гол, кој на крајот се покажа и како победнички.

https://twitter.com/i/status/1285674829962674176

За Ибрахимовиќ ова беше првпат по пауза од осум години да даде два гола во првото полувреме. Легендарниот шведски голгетер пред неколку дена изјави дека ако тој бил во Милан од почетокот на сезоната, Росонерите ќе можеле да се борат за титулата. Оваа изјава Ибра ја поткрепува со неговите игри на теренот и победите на тимот.

Сасуоло до мечот со Милан имаше серија од осум средби без пораз, меѓу кои беа и нерешените средби со Интер (3:3), Јувентус (3:3) и победата над Лацио во Рим (2:1).

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести