Бразилецот Антони со спектакуларен гол му донесе победа на Бетис од 2-1 на гостувањето кај Еспањол и дополнутелно им фрли сол на рана на навивачите на Манчестер јунајтед кои го критикуваа и се потсмеваа со него додека играше за нив.
Преселбата во Бетис зимоска се покажа како тип потег за Бразилецот кој покажува каков играч е и дека можеби и ги заслужува оние 90-100 милиони евра кои Јунајтед му ги плати на Ајакс за него. На 20 настапи во дресот на Бетис, Антони има 7 голови и пет асистенции, а Бетис веќе има 32 бода во вториот дел од сезоната откако собра 25 во првата половина.
Бетис е шести на табелата, но има шанси во последните четири кола да се пробие на петтата позиција, па дури и на четвртата, а тие места водат во Лигата на шампионите.
Ова е голот на Антони за победа на гостувањето против тим кој имаше серија од 10 меча без пораз дома:
An incredible goal
ANTONY!!!🇪🇸 Espanyol 1-2 Real Betispic.twitter.com/82uXIzkvL5
— Goals Xtra (@GoalsXtra) May 4, 2025