Наполи минимално со 1:0 победи на гости кај Лече и ја задржа пол-позицијата во трката за освојување на титулата во Серија А. По 35 кола, Наполи е лидер со 77 бодови, а Интер е втор со 71 бодови, а Нераѕурите играат вечерва против Верона. Тоа се двете екипи кои се во трка за титулата.
Наполи до важната победа стигна благодарение на прекрасниот гол на репрезентативецот Џакомо Распадори во 24 минута. Беше досуден слободен удар за Напли, а Распадори со прекрасен шут го матираше домашниот голман.
Погодокот вреден три бода за Наполи, може да го видите ТУКА.