21.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Мајк Џејмс уште три години во Монако

Првата ѕвезда на Монако, Мајк Џејмс, планира да го продолжи договорот со Монако на уште три години, пренесуваат француските медиуми.

МВП-играчот на Евролигата договори сѐ со клубот и е подготвен да потпише тригодишен договор вреден 9 милиони евра.

Главна тема при преговорите била кој ќе го плати дополнителниот американски данок, наспроти даночните поволности во Кнежевството. Сепак, брзо е најден заеднички јазик и ќе следува потписот на Мајк Џејмс до сезоната 2026/27.

Џејмс лани со Монако стигна до фајналфор, а оваа сезона изненадувачки тимот беше елиминиран од Олимпијакос. Кошаркарот стана најдобар стрелец во историјата на Евролигата, барем од лансирањето на новиот формат.

 

- Оглас -

Најнови вести