Мајк Мењан потпишува нов договор со Милан

Милан постигна договор со голманот Мајк Мењан за продолжување на соработката, пренесуваат италијанските медиуми.

Актуелниот договор на францускиот репрезентативец истекува за година и половина, но ќе биде продолжен до 2028 година, со можност за уште една дополнителна сезона.
Според новите услови, Менњан ќе заработува 5 милиони евра по сезона, плус бонуси.

Голманот веќе дал согласност за новиот договор, а во наредните недели се очекува официјално потпишување на сите документи.

Мајк Мењан пристигна во Милан во летото 2021 година и брзо се наметна како прв избор на голот. Досега одигра 146 натпревари, примајќи 150 голови и забележувајќи 55 „чисти мрежи“.
Во последниот период, тој често ја носи и капитенската лента на Росонерите.

- Оглас -

Најнови вести