Мајката на Енди Мареј верува дека син ѝ уште ќе игра тенис

Британскиот тенисер, Енди Мареј, кој закрепнува од операција на колкот, има големи шанси да му се врати на спортот, смета неговата мајка Џуди. Енди долго време се мачеше со повредите, а пред две недели имаше операција на колкот, па најави можен крај на играчката кариера најдоцна до Вимблдон. Сепак, мајка му мисли дека кариерата нема да му заврши за некој месец.

„Мислам дека уште ништо не е готово. Никој не знае дали Енди повторно ќе игра, но знам дека тој ќе стори сè што е можно, за повторно да игра. Сепак, и тој е свесен дека постои можност и да не дојде до тоа“ – вели госпоѓа Мареј.

Џуди Мареј рече дека Енди се интересира за многу работи, па после тенисот, би можел да се занимава со разни дејности. Најважно е што после 20 месеци константни болки, се ослободил од проблемите со колкот.

Шкотланѓанецот во кариерата двапати го освои Вимблдон, во 2013 година стана првиот Британец после 77 години кои триумфираше на домашниот гренд-слем на тревнатите терени на „Ол Ингланд“ клубот во Лондон. Има и две олимписки злата, а 41 недели беше и лидер на АТП листата.

- Оглас -

Најнови вести