10.8 C
Skopje
понеделник, 13 октомври 2025

Мајкл Карик ќе биде нов тренер на Миовски во Ренџерс?

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Мајкл Карик, е меѓу кандидатите за нов тренер на шкотскиот Ренџерс, тврдат британските медиуми.

Стивен Џерард, кој претходно го предводеше шкотскиот клуб, досега беше главен кандидат за менаџерската позиција, но поранешниот тренер на Астон вила и на Ал-Етифак ја одбил понудата.

Последниот ангажман на Карик беше во Мидлсборо, каде што работеше од 2022 до 2025 година. Тој го одведе тимот до плејофот во Чемпионшип во сезоната 2022/23, но во следните сезони клубот заврши под шестото место. Поради тоа, дојде до очекувана разделба на крајот од сезоната 2024/25.

Ренџерс, каде што настапува македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, моментно се наоѓа на осмото место во шкотската Премиер лига, само со една победа во првите седум натпревари.

- Оглас -

Најнови вести