4 C
Skopje
недела, 18 јануари 2026

Мајкл Карик откри како Јунајтед го надигра Сити во градското дерби

Манчестер јунајтед одигра одличен меч и на крајот заслужено стигна до победа од 2:0 против градскиот ривал Сити. Овој меч беше деби за тренерот Мајкл Карик на „Олд Трафорд“. Некогашниот играч на Јунајтед, сега во улога на менаџер не можеше да посака на подобар начин да дебитира пред домашната публика.

Црвените ѓаволи имаа многу помал посед на топката, но дадоа два, три погодоци им беа поништени поради офсајд, а два пати ја погодуваа рамката на голот на противникот, што значи дека Сити на крајот и добро помина со пораз од само два разлика.

„Сакавме да одиграме добар меч и на теренот да го примениме тоа за кое верувавме дека ќе ни помогне да стигнеме до триумф. Се трудевме да бидеме добри во одбраната и тоа како тим. Во транзицијата работевме добро. Кога ја имавме топката во наш посед делувавме опасно. Не можев да побарам повеќе од играчите кои беа на теренот. Момците тактички го одработија сето тоа што беше побарано од нив. Вчера реков дека Олд Трафорд е волшебно место и навистина е така. Фудбалерите едноставно беа желни да донесат радост за навивачите. Горд сум на оваа екипа“, рече Карик.

- Оглас -

Најнови вести