Мајкл Кефи од МЗТ е играч на колото во АБА лигата

Плејмејкерот на МЗТ Скопје Аеродром, Мајкл Кефи, е најкорисен играч во 20-тото коло на регионалната АБА лига.

Кефи кој имаше 26 поени, 6 асистенции и по три скока и украдени топки за помалку од 32 минути на терен на мечот против ФМП, со индекс на корисност од 34, заслужено дојде до признанието и стана МВП на колото.

Американецот го имаше вториот најголем индекс во колото, но кошаркарот со најголем индекс, Лука Божиќ од Задар, не е МВП затоа што неговиот тим загуби, а Кефи е најдобар од играчите од победничките екипи.

Наредниот меч за МЗТ кој се бори за опстанок во АБА лигата, е гостувањето кај Мега во Белград, в недела (12-ти март) на пладне.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести