Мајкл Овен: Телото почна да ми се „распаѓа“ по 25-та година

Мајкл Овен е последниот англиски фудбалер кој што успеал да ја освои Златната топка.

Тој, во 2001, односно на свои 21 година ја освои најпрестижната индивидуална награда, откако ги победи Раул и Оливер Кан.

По повод 20-годишнината од ова признание, Овен говореше за англиските медиуми каде што изнесе неколку интересни детали.

„Подобро играв на 19 години, отколку на 21 кога ја освоив наградата. Ама ако бидам искрен, од мојата 25-та година, телото почна да ми се ‘распаѓа’ и едноставно го чувствував тоа.

Повредите се редеа како од шега, и не можев да го одржувам тоа темпо. Сепшак, горд сум на кариерата што ја имав и што соблекувалната ја делев со неверојатни играчи кои се меѓу најдобрите во историјата на фудбалот“.

Во својата кариера, Мајкл настапуваше за Ливерпул, Реал Мадрид, Њукасл, Манчестер јунајтед и Стоук.

- Оглас -

Најнови вести