11.8 C
Skopje
вторник, 16 септември 2025

Мајкл Овен за трансферите на Трент и Исак: „Мразам лицемерие“

Мајкл Овен важи за вистинска фудбалска легенда во Англија, но во 2009 година се најде на удар на навивачите на Ливерпул бидејќи одлучи да потпише за Манчестер јунајтед. Поранешниот напаѓач вели дека навивачите се лицемерни, а тоа се покажало и во случаите со трансферите на Трент Александер-Арнолд и на Александер Исак.

„Не може да му се лутите на некој фудбалер ако на сила си заминува од вашиот клуб кога тоа се случува и во некоја друга екипа. Висе го направи тоа. Што да направат навивачите на Њукасл? Ќе му се лутат на Исак, но ќе го пречекаат со раширени раце Висе. Тоа важи и за Ливерпул. Трент Александер-Арнолд си замина, што не им се допадна на навивачите, но сигурен сум дека кога ќе дојде следниот фудбалер, со радост ќе го пречекаат, секако, на штета на некој друг што ќе загуби играч бесплатно. Не можам да поднесам лицемерие. Ова не е ништо ново. Отсекогаш се случува. Јавно се зборува само дека се работи за големи трансфери. Веројатно се случило 20 пати само во овој преоден рок, но никој не е заинтересиран дека во прашање се мали клубови. Го разбирам тоа од сите аспекти. Го видов тоа и од двете страни во мојата кариера“, вели Овен.

- Оглас -

Најнови вести