Лисиците ќе ги грабнат бодовите во Саутхемптон

Мајнц – Келн (Бундеслига, 20.30 часот)

Мајнц игра лошо во новата сезона и се наоѓа на претпоследното место во Бундеслигата само со шест бодови. Нападот им е најслаб во лигата само со 7 постигнати голови на 8 меча, па во тој сегмент Мајнц потфрли на почетокот на германското првенство.

Ниту Келн не е многу подобар, иако зрак надеж дека ќе бележат подобри резултати е убедливата победа во последното коло со 3:0 против Падерборн.

Дарко Чурлинов се врати во првиот состав на популарните Јарци, па може да се очекува и да игра веќе денеска на „Опел арената“ во Мајнц, иако поверојатно е дека ќе биде резерва.

Мајнц има доста проблеми и со повредите на играчите, а на отсутните Бел, Матета, Донг-Вон им се приклучи и Швајцарецот Фернандес. Има и квартет играчи чиј настап е неизвесен, па тренерот Шварц ќе има многу мака да најде чаре за победнички настап против Келн.

Кај гостите нема да играат Клеменс и Собиех, а неизвесни се Верстрате, Дрекслер, Бадер и Кајнц.

На последните четири меѓусебни дуели одиграа од 0-2 гола, па и сега веројатно ќе се игра попретпазливо бидејќи бодовите значат бегство од зоната за испаѓање.

Предлог тип: 2>1 (1.92)

 

Верона – Сасуоло (Серија А, 20.45 часот)

Сасуоло и сезонава продолжува во ист стил како и лани и игра офанзивен фудбал со многу постигнати и примени голови. И со меч помалку, односно по 7 одиграни натпревари ја имаат најслабата одбрана со 16 примени голови, но затоа офанзивата им е одлична со 14 прецизни удари, што е петти најдобар учинок засега.

Доменико Берарди со шест голови е втор стрелец во Серија А и тоа е добрата страна на Сасуоло, но одбраната им е слаба. Имаат и проблеми со неколку отсутни играчи, што се рефлектира на играта во дефанзивниот дел.

Верона игра црвсто и тоа и донесе солиден број бодови, девет на 8 меча со гол-разлика 6:7. Мигел Велосо, кој пристигна од Џенова, ги влече конците во играта на новиот прволигаш, а во средниот ред одлично му помагаат Амрабат и Песина.

На последните четири меѓусебни дуели секогаш играа од 0-2 гола, па можеби е време и за нерешен резултат.

Предлог тип: Х (3.20)

 

Нант – Монако (Лига 1, 20.45 часот)

Кристијан Гуркуф одлично го предводи Нант од клупата, а популарните Канаринци по ланската криза и смена на тренерот Вахид Халилхоџиќ, игра неверојатно добро.

Нант има 19 бода и е на второто место, учинок што веројатно никој во клубот не го очекуваше. Интересно е што до 19 бода стигнаа само со 9 постигнати голови, што значи дека играат тактички одлично, а одбраната е беспрекорна само со шест примени голови.

Монако ја освежи екипата што лани се бореше за опстанок. Висам Бен Једер и Ислам Слимани се покажаа како вистински засилувања, а заедно постигнаа дури 13 голови од вкупно 18 на целиот тим.

Проблем за Монако е што одбраната не им функционира, па старо-новиот тренер Леонардо Жардим ќе мора да бара чаре за засилување на дефанзивата.

Од 2016 година, или на последните шест меѓусебни дуели, немаат одиграно нерешено, но сега веројатно реми ќе им одговара на двете екипи, кои се тука некаде според квалитетот.

 

Предлог тип: Х (3.05)

 

Саутхемптон – Лестер (Премиер лига, 21 часот)

Лестер пак игра одлично во Премиер лигата, а Џејми Варди повторно е во топ-форма и ги тресе мрежите на ривалите во Англија.

Брендан Роџерс одлично ги предводи Лисиците, кои покажаа и цврст карактер и освоија најмногу бодови досега во ситуација кога имаа неповолен резултат. Или со обложувачки речник, имаат најмногу пресврти и тука освоија 7 бода.

На двете последни гостувања кај Светците, Лестер победуваше, а и сега е во подобра форма и е фаворит.

Саутхемптон има четири меча во серија без победа, а вечерва ќе биде и без одличното летно засилување Муса Џенепо, кој постигна два гола на три одиграни натпревари.

Саутхемптон само еднаш на последните 18 натпревари не прими гол, што е посебен проблем за тренерот Ралф Хазенхитл.

Лестер е во исклучително добра форма, има подобри поединци и тим и ќе типуваме дека ќе забележи хет-трик на гостувањата на „Сент Мери“.

Предлог тип: 2 (2.40)

 

Вилјареал – Алавес (Ла Лига, 21 часот)

Алавес го продаде веројатно и најдобриот играч од лани, Џонатан Калјери, што се чувствува во офанзивниот дел на играта кај клубот од Баскија.

Особено проблем им се натпреварите на гостински терен, а имаат освоено само два бода на последните 8 натпревари како гостинска екипа.

Вилјареал сезонава игра многу подобро од лани, кога до крајот се бореше за опстанок. Ветеранот Санти Касорла игра како во најдобрите денови, а под негова команда Жолтата подморница игра атрактивен фудбал. Капитенот постигна 4 гола, а има и три асистенции, а блеска напаѓачот Џерард Морено, кој е втор стрелец во Шпанија со шест погодоци. Тука се и ефикасниот Екамби, одличниот Чукуезе, Мои Гомес, Ибора…

Вилјареал има одличен тим годинава и ќе атакува на позиции што водат во Европа, па очекуваме уште еден ефикасен меч и вечерва против Алавес.

Предлог тип: ГГ&3+ (2.45)

 

- Оглас -

Најнови вести