0.8 C
Skopje
вторник, 3 февруари 2026

Мајорка со убедлива победа побегна од дното на табелата

Фудбалерите на Мајорка ја победија Севиља со 4-1 во натпреварот од 22-то коло на Ла Лига.

Мајорка сега има ист број бодови како нејзиниот вечерашен ривал (24) и се наоѓа на 15-тото место.

Муричи го постигна првиот гол на натпреварот, од пенал во 26-тата минута, за 1-0.

Пред крајот на првото полувреме Севиља изедначи преку Мопеј, на асистенција од Фернандез.

По враќањето на теренот, Мајорка повторно поведе со гол на Коста во 53-тата минута, а потоа Муричи асистираше до Дардер за 3-1 за домаќините.

Мајорка не запре, па во судиското надополнување Торе постигна гол за конечни 4-1.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести