Мајстoр за Лига на шампиони: Со 50 денари доби 731.500 денари!

Стартот на нокаут фазата од Лигата на шампиони, донесе неверојатна среќа на еден играч во обложувалниците на Sport Life. На тикет уплатен во Гевгелија, со само 50 вложени денари, направена е добитна комбинација за неверојатни 731.500 денари.

Ливчето кое донесе многу радости е составено само од четирите средби во Лигата на шампиони. Едноставна била играта. Играно е полувреме-крај во комбинација со голови на мечот. Сите четири парови се погодени на ист начин. Типот за полувреме на четирите средби е дека ќе биде нерешено, а интересно е што сите четири меча на полувреме беа 0:0. Во вториот дел типот е дека ќе има победник, а прогнозерот одлично претчувствувал дека на крајот ќе се радуваат Рома, ПСЖ, Тотенхем и Реал Мадрид.

Освен што е погодено играта полувреме-крај, на сите четири меча е додадено дека на крајот ќе има меѓу 2-4 голови, а така и беше. Рома го победи Порто со 2:1, ПСЖ со 2:0 славеше кај Манчестер јунајтед, Тотенхем со 3:0 ја растури Борусија Дортмунд, а Реал Мадрид со гол во последните минути стигна до победа од 2:1 против Ајакс.

Ваквата комбинација на типовите во ЛШ, овојпат имало коефициенти меѓу 9 и 14 по меч, па вкупниот погоден коефициент е неверојатни 14.630 во Sport Life. Тоа всушност значи дека со вложени 50 денари, добивката е дури 731.500 денари.

Следниот вторник и среда на програмата се и останатите четири први средби од осминафиналето, а сигурно вреди да се проба некоја слична комбинација. Никогаш не се знае кога ливчето може да биде добитно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1 КОМЕНТАР

Коментарите се затворени.

- Оглас -

Најнови вести