Енис Барди имаше брилијантна вечер во своето лигашко деби за Трабзонспор, но турскиот првак не успеа да му ја украси голгетерската вечер со победа. Македонската ѕвезда како двоен стрелец ги враќаше гостите од негатива од два гола, односно од 2-0 на 2-2, за на крајот сепак Анталијаспор да триумфира со 5-2.
Македонскиот репрезентативец одново беше прецизен во 73-тата минута, кога одлично се снајде пред шестнаесетникот, со лажен дриблинг изгради простор за удар и го совлада противничкиот голман.
https://twitter.com/anlikgoller_2/status/1561087414063472642
За помалку од 10 минути по вториот гол на Барди, домаќините стигнаа до победничкиот погодок преку Бајракдар, кој во финишот погоди и за 4-2, односно во судиското надополнување стрелаше одново Рајт за конечните 5-2.