Експрес-Енис: Сефте гол за Барди во дресот на Трабзон (видео)

Енис Барди вечерва го запиша своето деби во турскиот шампионат по неговиот трансфер во редовите на шампионот Трабзонспор.

Македонската ѕвезда влезе во игра во 43-тата минута, па со својот деби гол во петтата минута од судиското надополнување во првото полувреме, го украси првиот настап за првакот во турското првенство.

Барди од втор план го реализира последниот напад на гостите и со неговиот прв гол намали на 2-1, откако претходно Анталија поведе со 2-0 преку Фернандо и Рајт.

- Оглас -

Најнови вести