Мајсторија од слободен удар на Чалханоглу, шоу на Барселона и Борусија, Сити е без проблем (Видео)

Екипите кои ја имаа улогата на фаворити за денешните мечеви во Лигата на шампиони, целосно ја оправдаа довербата и по само едно полувреме најавија дека ќе освојат три бода во ова коло.

Борусија Дортмунд нема милост против Селтик и има убедлива предност од 5:1. Емре Кан ја отвори серијата погодоци со гол од пенал во 7 минута, а две минути подоцна селтик израмни. Тој гол на гостите како да ги налути Милионерите, па следуваше поу на Борусија во кое во главна улога беше Карим Адејеми постигнувајчи хет-трик, а еднаш погоди и Гирасу од пенал.

Убедлива е и Барселона која со 3:0 води по првиот дел против Јанг Бојс. Прв погоди Роберт Левандовски, кој е трет најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампиони, веднаш зад Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Потоа следуваше голот на Рафиња, а на 3:0 зголеми Мартинез.

Интер има минимална предност од 1:0 против Црвена ѕвезда и тоа благодарение на мајсторскиот погодок од слободен удар на Хакан Чалханоглу кој може да го видите ТУКА.

Манчестер сити во првите 15 минути даде два гола на гостувањето кај Слован Братислава и има сигурно водство. Гундоган и Фоден беа стрелци на погодоците.

Во мечот кој го има епитетот на дерби, Арсенал со 2:0 води во Лондон против Пари Сен Жермен.

ПСВ Ајнтховен има минимална предност од 1:0 против Спортинг, a погодокот кој е еден од најубавите вечерва, може да го видите ТУКА. Eдинствено голови нема на Баер Леверкузен – Милан.

 

 

- Оглас -

Најнови вести