Мајсторијата на Шик не беше случајна: Знаев дека голманот стои високо

Уште во првото коло на ЕП имаме претендент за најубав погодок за турнирот, а е во режија на Патрик Шик, напаѓачот кој ѝ ја донесе победата на Чешка против Шкотска со 2-0.

Двата гола беа дело на голгетерот на Баер Леверкузен, а токму вториот негов гол беше вистинска мајсторија од половина терен. По мечот, Шик посочи дека не било случајно што шутираше од огромна далечина, што патем е рекорд на Европските првенства.

„Забележав уште во првото полувреме дека голманот сака да го напушта својот гол и да стои високо, па си реков доколку дојде таква ситуација, ќе си ја пробам среќата. Знаев дека кога-тогаш ќе ја повтори грешката, па кога топката стигна до мене, само за момент проверив каде е голманот и шутирав. Навистина убав гол“, кажа Шик по мечот.

 

- Оглас -

Најнови вести