Хетафе не се предаде на гости кај Виљареал и успеа да освои бод играјќи 1-1 на „Естадио де ла керамика“. Тимот на Хозе Хименес Бордалас со гол од пенал во 87-та минута, што го реализира Мауро Арамбари, успеа да стигне до шестото реми во десетте досегашни кола од Ла Лига.
Хетафе е екипата со убедливо најмногу нерешени резултати во Шпанија.
Виљареал дојде до предност пред крајот на првиот дел, кога Санти Комесана постигна погодок во 44-та минута.