Аргентинецот Лусијано „Лучо“ Акоста, постигна мајсторски гол од корнер во МЛС лигата и тоа против неговиот поранешен клуб Ди Си јунајтед од Вашингтон.
Акоста кој од 2021 година игра за Синсинати, кариерата ја почна во Бока јуниорс, таму мина и низ младинските категории, а потоа се пресели посеверно од дома, во САД, а играше една сезона и во Мексико.
Ова е голот на Акоста со кој Синсинати поведе со 1-0, а на крај резултатот беше 2-1:
https://twitter.com/i/status/1655017096777019393