Партизан на свој терен прими огромен број на поени и беше декласиран од Макаби Тел Авив со 87-112 во меч од Евролигата.
Жоан Пењароја имаше катастрофално евролигашко деби како тренер на Црно-белите. Партизан одигра добро само во првите неколку минути, а потоа следуваше огромна „црна дупка“ од околу 25 минути во кои Макаби дојде до предност и од 33 поени разлика на крајот на третиот период, па финишот беше само формалност во кој домашните ја ублажија катастрофата.
Пред почетокот на средбата, фановите во белградската Арена им дадоа аплауз на тренерот и најголем дел од играчите, освен на Џабари Паркер и Тајрик Џонс кои беа гласно исвиркани. Имаше периоди кога Гробарите го скандираа името на Жељко Обрадовиќ кој си даде оставка поради лошите резултати и лошите односи со дел од странците.

