Црвена ѕвезда ја оствари потребната победа против Макаби Тел Авив со убедливи 92:76. Црвено-белите приредија шутерско шоу пред своите навивачите, особено расположени зад линијата од три поени беа Били Берон и Кевин Пантер, кои реализираа девет од вкупно 13 тројки на домаќините.
Ѕведа уште од самиот почеток ја презеде иницијативата и постепено ја градеше предноста, а Берон брилјираше во првите 10 минути со 14 поени и 4/4 за три поени. Рафалот продолжи и во остатокот од средбата одржувајќи речиси 60 отсто реализација од дистанца.
За 11-тата победа на Ѕвезда, односно прекинот на Макаби од пет последователни победи најефикасни беа Пантер и Берон со по 22 поени, додека кај гостите расположен беше Дорси со 19 поени.
Претходно Химки го растури Фенербахче со 82:68, Анадолу ефес беше убедлив против Олимпијакос со 91:79.