Македонските надежи одиграа 2:2 против домаќинот Шкотска

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 17 години одигра нерешено 2:2 во првото коло од квалификацискиот турнир за пласман на ЕП. Нашите надежи за противник го имаа домаќинот Шкотска, а на крајот средбата заврши без победник.

Македонија поведе со 1:0, и тоа со погодокот на Кристијан Маркоски. Тинејџерот кој игра за младинските селекции на Келн во Германија, одлично се снајде по еден корнер и погоди за радост на нашата селекција, која имаше предност по првото полувреме.

На почетокот на второто полувреме Шкотска преку Бојд израмни во 52-рата минута, а во 80-тата минута домаќините направија целосен пресврт и со погодокот на Хогарт стигна до водство од 2:1. Нашите надежи сепак не се откажаа и во 84-тата минута со погодокот на Лорент Жаку од Воска израмни на 2:2. На овој погодок, кумуваше голема грешка на голманот на Шкотска.

Во вториот меч од оваа група, Романија немаше милост против Лихтенштајн и победи со убедливи 10:0. Токму Лихтенштајн е следниот ривал на Македонија, а тој дуел ќе се игра на 22 март.

- Оглас -

Најнови вести