Џамал Мусијала е еден од најдобрите млади фудбалери на светот, Германецот од Баерн Минхен во моментов е единствен играч на ЕВРО 2024 кој двапати ги тресеше противничките мрежи, а кога почнуваше да игра фудбал како дете, тренер му бил Македонец.
Станува збор за Бранко Миленковски, кој го тренирал Мусијала во клубот ТСВ Ленерц Бамбини. Мусијала почнал да тренира кога имал 4 години, а Бранко добро се сеќава а него.
„Горд сум што тренирав момче кое сега е репрезентативец на Германија. Беше мало, брзо и разиграно, силно момче за своите години. Не се плашеше, можеше да игра со постарите момци и да биде во чекор со нив и тоа многу го подобри“, се присетува Миленковски кој работел со Џамал од 2008 до 2010 година.
По заминувањето од Ленерц, Мусијала се пресели во Англија, играше со Џуд Белингам во младинските селекции на Англија, но кога дојде време да реши за која сениорска репрезентација че игра, сепак се одлучи за родната Германија.