Македонец вечерва ќе ги одмери силите со европскиот првак

Европскиот и германски првак Баерн Минхен вечерва тргнува во одбрана на трофејот од Германскиот куп, ќе гостува кај аматерскиот клуб Дурен, чијшто член е Ѓорѓи Антовски. Антовски е наш интернационалец роден во Леверкузен, но има потекло од Тетово, па ќе ја има честа одблиску да го почувствува квалитетот на Баварците.

Антовски инаку игра на позиција офанзивен играч за врска, а играњето против моментално најдобриот тим во Европа сигурно ќе му биде светла точка во кариерата на 28-годишниот фудбалер. Мечот е закажан за вечерва, со почеток од 20:45 часот.

- Оглас -

Најнови вести