Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, е најзаслужен за ремито, 1-1, на Рајо Ваљекано на домашен терен против Виљараеал. Димитриевски имаше дури пет одбрани, а беше совладан само еднаш и тоа во 15-тата минута кога Сорлот во гол ја претвори полуконтрата на Виљареал.
Конечните 1-1 беа поставени само минута подоцна преку Перес. Со овој бод Рајо Ваљекано се искачи на шесттата позиција на табелата со 10 поени.
https://twitter.com/RayoVallecano/status/1705973623339548999