Македонија – Албанија 7:0

Македонската одбојкарска репрезентација имаше две сигурни контролни дуели против Албанија. По вчерашната победа од 4:0 во сетови (25:23, 25.17, 26:24, 25:17), вечерва Македонија повторно беше перфектна и го доби мечот со 3:0, по сетови со 25-21, 25-21, 25-23.

На овие два меча недостасуваа Никола Ѓоргиев и Деспотовски, но и тоа не беше проблем за лесно да се совлада овој ривал, како подготовка за завршницата од квалификациите за Европското првенство во 2019. Македонија има две победи и е со реални шанси првпат да игра на Европско првенство. На 5-ти-јануари ќе и гостуваме на Украина, а на 9-ти ќе и бидеме домаќини на Унгарија.

- Оглас -

Најнови вести