Македонија да ја победи Австрија е во рангот на светско чудо, коефициентите се опасно високи

Македонската женска репрезентација е апсолутен аутсајдер и против Австрија, во вториот квалификациски меч за пласман на Мундијалот во 2023 година што заеднички ќе го организираат Австралија и Нов Зеланд.

И пред стартот на квалификациите се знаеше дека Македонија има само теоретски шанси за настап на Светското првенство во конкуренција на Англија, Австрија, Северна Ирска, Луксембург и Летонија.

Стартот беше со катастрофален пораз од 8:0 против топ-фаворитот во Д групата, Англија на „Сент Мери“ во Саутемптон.

Денеска од 18 часот гостинки ќе ни бидат Австријките, кои ја победија Македонија двапати со по 3:0 пред две години во квалификациски циклус за настап на Европско првенство.

И денеска гостинките се фаворитки, па евентуален подвиг на Македонија е во рангот на светско фудбалско чудо. Коефициентот за победа на нашата репрезентација во Sport Life е исклучително висок и е точно 18.

За реми квотата е 10,5, а да победи Австрија коефициентот е 1.03. Во понудата на Sport Life за овој меч најголеме е коефициентот за 1-1, односно Македонија да води на полувреме и да победи што се вреднува со квота од 29.

Има вкупно 21 различна игра за дуелот што ќе се игра на националната арена „Тодор Проески“ денеска од 18 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести