Македонија дефинитивно беше во тешка група на ЕП: По Црна Гора, лесно победи и Данска

Најдобрите 12 европски екипи денеска ги започнаа дуелите од главната фаза, а Данска и Црна Гора кои беа во група со Македонија, покажаа сила. Црногорците попладнево лесно ја победија Хрватска со 32:26 и покажаа дека не случајно се во првиот дел од континенталниот собир.

Данска вечерва со 28:24 го победи Исланд и заедно со Франција останаа единствени без пораз во Група 1, што значи дека се главни фаворити за место во полуфиналето.

Исланд добро парираше во првите 20 минути од мечот, кога беше и нерешено 12:12. Тогаш данците заиграа многу подобро и со серија од 5:1 стигнаа до 17:13. Од тој момент, па до крајот на средбата, Данска ниту еднаш не ја испушти предноста и на крајот заслужено стигна до победа.

Норвешка ја забележа најубедливата победа денеска, победувајќи со 42:31 против Полска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести