Продолжува бајката за Црна Гора: Сензацијата на ова ЕП ја „разби“ фаворизираната Хрватска

Ракометната репрезентација на Црна Гора продолжува со своите фантастични средби на Европското првенство.

Предмалку тие во „МВМ Дом“ во Будимпешта со фантастична игра го добија мечот против фаворизираната Хрватска со 32:26.

Црногорците имаа резултатска контрола, па речиси во текот на целата средба а разликата започна да се прави во 12-та минута кога Милош Вујовиќ погоди за 5:3, а предноста се „билдаше“ до самиот крај на полувремето каде што на пауза се замина со 15:9.

Иван Чупиќ и Верон Нациновиќ дадоа два едноподруго голови и се чинеше дека ја вратија Хрватска во живот (15:11), додека на голот по неколкугодишна пауза се врати Мирко Алиловиќ.

Сепак Црна Гора на голот го имаше неверојатниот Небојша Симиќ кој имаше нова фантастична средба со 14 одбрани. Во нападот, пак најефикасен беа Бранко и Милош Вујовиќ со по седум постигнати голови.

Ова беше натпревар од групата „1“ со што Црна Гора дојде до првите два бода, додека Хрватска остана на „нула“.

На втората средба од 15:30 часот, Шведска ја совлада Русисија со 29:23, а најефикасен беше Хампус Ване со девет погодоци.

Во групата „2“, Шведска сега има два бода, исто колку што и Русија, Шпанија и Германија.

- Оглас -

Најнови вести