4.8 C
Skopje
сабота, 31 јануари 2026

Македонија денеска ќе го добие противникот за баражот за ракометното СП 2027

Ракометната репрезентација на Македонија попладнево на ждрепка во Хернинг, Данска, ќе дознае против кого ќе се бори во баражот во мај за место на Светското првенство кое ќе се игра во јануари 2027 година во Германија.

Благодарение на 14-тото место на ЕП 2026, Македонија ќе биде меѓу носителите при ждрепката, заедно со Франција, Словенија, Норвешка, Унгарија, Шпанија, Швајцарија, Фарски Острови, Холандија и Австрија.

Од Европа, сигурни учесници на СП се домаќинот Германија, и светскиот првак Данска, како и Хрватска, Исланд, Португалија и Шведска.

Можни ривали ни се Италија, Чешка, како и победниците од дуелите Грција/Белгија, Турција/Романија, Украина/Словачка, Босна и Херцеговина/Косово, Србија/Литванија, Грузија/Израел, Полска/Летонија, Црна Гора/Финска.

Има тука и полесни, но и многу тешки противници, ќе ни треба среќа во извлекувањето кое може да го следите на Јутјуб каналот на ЕХФ.

Ждрепката е околу 14.30 часот, веднаш по завршната прес-конференција посветена на Европското првенство во Данска, Норвешка и Шведска која треба да почне во 14.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести