-1.2 C
Skopje
вторник, 3 февруари 2026

Македонија до 18 години одигра без голови против Азербејџан

Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 18 години (генеразија 2005) одигра без голови, 0-0, на првиот пријателски натпревар против врсниците од Азербејџан.

Нашите фудбалери одиграа добар меч во Баку, имаа и свои шанси за победа, но на крајот нерешениот резултат е најреален.

Селекцијата предводена од селекторот Тони Јакимоски во понеделник (15 часот) ќе одигра уште еден натпревар против Азербејџан во Баку.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести