Фудбалската репрезентација на Македонија води со 1:0 по првото полувреме против Ерменија во пријателскиот натпревар кој се игра во Струмица. Стрелец на единствениот гол во првото полувреме беше Александар Трајковски во 43-тата минута.
По поразот од Украина во саботата, со кој и математички се загубија шансите за пласман на ЕП 2024, селекторот Благоја Милевски за денешниот дуел одлучи да ги промеша картите и направи осум измени, а капитенската лента беше на раката на Елиф Елмас, а фудбалерите подобрата игра во првиот дел ја крунисаа со гол во финишот.
Натпреварот започна со шут на Алими уште во првиот напад, но голманот на Ерменија, Чанчаревиќ, ја исфрли топката во корнер.
Ерменците најголемата закана кон голот на Шишковски ја имаа во 25-тата минута преку Ранос, чиј удар го одбрани македонскиот голман.
Избраниците на Милевски веднаш возвратија и се заканија преку Елмас и Димовски, но резултатот остана непроменет.
Сепак, подобрата игра во која имаше поголем посед на топката (62%-38%) имаа повеќе шутеви, Македонија ја круниса со гол на Трајковски.