1.8 C
Skopje
недела, 18 јануари 2026

Македонија е аутсајдер против Португалија, 12 и пол години ја немаме победено

Денеска е „денот Д“ за македонската репрезентација околу пласманот во втората фаза на ракометното Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров во Хернинг играат против опасната Португалија, а според квотите во Sport Life, Португалците се огромни фаворити, додека ако уплатите на Македонија и нашите победат, би имале одлична заработка.

Победа или реми ќе значи продолжување на надежите за место во следната рунда, а пораз ќе значи дека после мечот со Романија во вторник, се враќаме дома.

Традицијата во меѓусебните дуели е малку на страна на противникот.

Последниот меѓусебен дуел го имавме во квалификациите за ЕП 2024. Во март 2023 година, дома загубивме со 23-29, а три дена подоцна на гости пораз од 32-27. Лазаров уште нема победа како селектор, се надеваме дека третиот обид ќе му биде среќен.

Како играч, Лазаров знае како е да се совлада Португалија. Во јуни 2013, Македонија ја победи Португалија со 26-19, и со таа победа се пласиравме на ЕП кое во 2014 се играше во Данска.

- Оглас -

Најнови вести