Македонија е дел од европскиот ракометен „крем“, познати се сите учесници на ЕП 2026

Македонија по деветтипат ќе биде дел од европскиот ракометен крем, откако го обезбеди пласманот на Европското првенство во 2026 година со две убедливи победи во мајскиот квалификациски циклус.

На континенталниот собир во Данска, Норвешка и Шведска ќе учествуваат 24 селекции, а освен домаќините, директен пласман имаше и Франција. Останатите 20 репрезентации пласманот го обезбедија преку квалификации, од кои на Европското првенство се пласираа по две најдобри од секоја група, како и четири најдобри третопласирани селекции.

Освен Македонија, тоа се и репрезентациите на Исланд, Хрватска, Словенија, Португалија, Унгарија, Чешка, Германија, Грузија, Црна Гора, Шпанија, Фарски острови, Холандија, Австрија, Полска и Србија.

Како среќни губитници, односно како најдобри третопласирани на првенството во Данска, Норвешка и Шведска ќе патуваат и Италија, Романија, Швајцарија и Украина.

- Оглас -

Најнови вести