
Македонската ракометна репрезентација има активен резултат од 13-15 по првото полувреме на дуелот со Португалија во второто коло од групната фаза на Европското првенство. Филип Кузмановски даде 6 гола, што е речиси половина од головите на Македонија.
Остануваат уште 30 минути во кои ќе биде потребно да се одигра уште подобро на овој клучен меч за пласман во следната фаза.
Македонските фанови кои ги има многу повеќе отколку на средбата со Данска, им даваат ветер во грб на нашите ракометари рамноправно да се борат со фаворитот. Трибините во салата во Хернинг се солидно пополнети, затоа што илјадници Данци решијда да дојдат порано и да го следат и првиот денешен меч од групата Б.
Португалците го отворија резултатот, па Македонија со серија од 4-1 поведе со 4-2, но потоа следуваше период од околу пет минути во кој не постигнавме гол и противникот израмни на 4-4 и 5-5.
На почетокот на 15-тата минута при 7-7, Никола Марковски доби црвен картон поради груб прекршок, барем така проценија босанските судии откако гледаа повторена снимка. Ако на ова се додадат и неколкуте исклучувања на по две минути, македонскиот национален тим речиси половина од првото полувреме имаше човек помалку на терен.

