31.8 C
Skopje
недела, 7 септември 2025

Македонија го декласира Лихтенштајн и повторно е лидер во групата за СП

Фудбалската репрезентација на Македонија се врати на првото место на табелата во групата Ј, откако во петтото коло од квалификациите за СП 2026 ја совлада селекцијата на Лихтенштајн со убедливи 5-0.

Избраниците на Благоја Милевски уште од стартот покажаа дека на „Тодор Проески“ бараат само победа. Во 15. минута Елиф Елмас со фантастична соло-акција елиминира четворица противници и со прецизен удар ја затресе мрежата на гостите.

До крајот на првото полувреме Македонија имаше уште неколку прилики, преку Елмас и Трајковски, но голманот Бухел успеа да спаси.

На почетокот од вториот дел капитенот Енис Барди со силен удар најави погодоци, а во 52. минута токму тој ја зголеми предноста на 2-0 по одлична акција на Бојан Илиевски. Само четири минути подоцна и Дарко Чурлинов се запиша во листата на стрелците за 3-0. До крајот, и Лирим Ќамили успеа да погоди за водство од 4-0, а серијата ја затвори Лука Станковски.

Селекторот Милевски во финишот направи неколку ротации, а дебитанти во официјален квалификациски меч беа Елмин Растодер и Решат Рамадани, додека шанса добија и Лирим Ќамили, Милан Ристовски и Лука Станковски.

Македонија со оваа победа ги потврди амбициите за висок пласман и продолжува со силно темпо кон завршницата на квалификациите. Сега се наоѓа на првата позиција во групата со 11 бода.

- Оглас -

Најнови вести