Одлична вест за македонската ракометна репрезентација пред стартот на Европското првенство е што ниру еден наш играч и член на стручниот штаб не се заразени со Корона-вирус.
Ова треба да се потврди во понеделник на последното тестирање на Ковид-19 пред патот за Дебрецин, каде во првата фаза од Еврппското првенство ќе играме со Словенија, Црна Гора и Данска.
Добро е што засега сите се без сиптоми на Корона-вирус, а сите посакуваат така да остане и во понеделник и до крајот на шампионатот.
Македонија ќе го почне Европското првенство со дуел против Словенија на 13. јануари во Дебрецин, а на истото место два дена подоцна ќе играме со Црна Гора и потоа на 17. јануари и со Данска.
Нашата репрезентација ќе патува за Унгарија на 11. јануари.