Македонија го победи Казахстан и сега е на лидерското место на табелата за пласман на Мундијалот

Македонската фудбалска репрезентација минимално со 1:0 победи на тешкото гостување кај Казахстан во меч од квалификациите за пласман на Светско првенство 2026 година. Клучниот момент на мечот се случи во 33 минута кога Александар Трајковски постигна еврогол. На крајот се покажа дека тоа е доволно за Македонија да ги освои посакуваните три бода на гостувањето во Астана.

Со оваа победа, Македонија сега е на чело на табелата со осум бодови од четири меча, пред Велс кој има седум бодови од три дуели и вечерва гостува кај Белгија. следи Казахстан со 3 бода, а Белгија има еден бод од еден меч. На последното место е Лихтенхтајн без ниту еден бод.

Со оваа победа Македонија ја задржува шансата за пласман на Светското првенство кое следната година ќе се игра во САД, Канада и Мексико.

На жешката атмосфера на „Астана арена“, Македонија добро започна  и во првите 15 минути имаше три шута кон голот на домаќините. Алиоски, Елмас и Чурлинов биеја, но голманот на Казахстан успешно бранеше.

Потоа дојде период во кој доминираше Казахстан. Домаќините првата посериозна шанса ја имаа во 16 минута кога Кенжебек биеше откосо и тоа во надворешниот дел од стативата. Потоа Столе Димитриевски имаше две одлични одбрани по шутевите на Тагиберген во 26 минута и на Шамородов во 31 минута.

Радост за Македонија и студен туш за домашните фанови стигна во 33 минута кога Трајковски на мајсторски начин ја зафати топката со волеј удар и погоди за 1:0, што беше резултат на полувремето.

Казахстан тргна многу поагресивно во вториот дел, а првата голема шанса ја имаа во 58 минута кога Шамородов со шут од далечина ја затресе пречката. Во 65 минута следуваше бомба на Алип, но и тој удар го одбрани Димитриевски.

Првата шанса за нашата репрезентација беше во 80 минута кога Енис барди шутираше од преку 25 метри од слободен удар, но домашниот голман одбрани.

Во 85 минута повторно нова голема шанса за Казахстан. Чесноков шутираше од далечина, но неговиот удар заврши во стативата. До крајот на мечот, домаќините притискаа со сите сили да израмнат, но

- Оглас -

Најнови вести