30.8 C
Skopje
сабота, 20 септември 2025

Македонија ЃП го победи Шкупи во Чаир, домаќините останаа заковани на дното без ниту еден бод

Македонија Ѓорче Петров без многу проблеми славеше над Шкупи во Чаир со 2:0, во меч со кој започна седмото коло во Прва лига од фудбалското првенство на Македонија. Уште во првото полувреме Македонија ЃП ја заврши работата, постигнувајќи ги двата гола.

Се играше петата минута кога Клинтон Осеи донесе водство за гостите, а во 38. минута над него беше направен и пенал кој во гол го претвори Симеон Христов за предност од 2:0 за тимот од Ѓорче Петров.

Во вториот дел немаше погодоци, а најзаслужен за тоа е голманот на Шкупи, Мељачи кој имаше неколку добри одбрани и не дозволи неговиот тим да претрпе поубедлив пораз.

Со оваа победа Македонија ЃП сега има девет бодови и моментално е на шестото место на табелата. Шкупи кој прв пат сезонава играше на својот стадион во Чаир, останува закован на дното на табелата без ниту еден бод.

- Оглас -

Најнови вести