Последното, 11-то, коло од првиот круг на Првата фудбалска лига на Македонија се отвора денес со два меча, кои ќе се одиграат во Ѓорче Петров и во Гостивар.
Македонија ЃП на домашен терен го пречекува Башкими, во обид да дојде до нови бодови со кои не само што ќе побегне од опасната зона, туку ќе се доближи и до горниот дел на табелата.
Според квотите во Sport Life, Лавовите од Ѓорче Петров ја имаат фаворитската улога со квота од 1.96, додека триумфот на гостите од Куманово има квота од 3.30.
На „Градскиот стадион“ во Гостивар, Арсими го пречекува Работнички. На поранешниот шампион на Македонија не му цветаат рози, па јасно е дека домашните ја имаат фаворитската улога.
Квотата за победа на Арсими во понудата на Sport Life е 1.81, додека триумф на гостите од Дебар маало има квота од 3.60.



