Македонија ЃП не го дава врвот во Втора лига, важни победи и за Брегалница и Детонит

Македонија Ѓорче Петров минимално со 1:0 го победи Арсими на свој терен и тоа беше доволно за освојување на нови три бода. Кире Маркоски беше стрелец на единствениот гол, а со оваа победа, по 14-тото одиграно коло во Втора фудбалска лига на Македонија, екипата на Македонија ЃП останува лидер на табелата.

Чекор со лидерот држи и Брегалница која со 2:0 го победи Охрид. Томовски и Стојков беа стрелци на головите за голема радост на тимот од Штип. Во дерби дуелот меѓу Детонит и Башкими, домаќините се радуваа на триумф од 3:1.

Резултати од 14 коло: Борец – Беласица 0:1, Брегалница – Охрид 2:0, Детонит – Башкими 3:1, Скопје – Новаци 2:0, Кожув – Победа , Македонија ЃП – Арсими 1:0, Осогово – Саса 1:3, Вардар (Н) – Вардарски 6:1.

ТАБЕЛА: Македонија ЃП 35 бодови, Брегалница 32, Башкими 29, Арсими 26, Детонит 24, Саса 24…

- Оглас -

Најнови вести