Македонија ЃП, Шкендија и Шкупи имаат противници по мерка за успех на стартот во Конференциската лига (Фото)

Три македонски екипи денес ја започнуваат европската авантура со првите натпревари од првото квалификациско коло на Конференциската лига.

Пред најголем предизвик е освојувачот на Купот, екипата на Македонија ЃП која за противник во Скопје ќе го има составот на РФС Рига од Летонија. Екипата од скопската населба Ѓорче Петров на домашна сцена покажа дека има квалитетен состав победувајќи го шампионот Струга во финалето од Купот на Македонија, но сега ќе треба да го покаже својот квалитет и во Европа.

Нивниот противник, РФС Рига, нема пораз на официјален натпревар во 2023-тата година, а последен пат беа поразени во октомври минатата година во финалето од Купот на Летонија од екипата на Ауда. Доколку се земат во предвид натпреварите и од минатата сезона, на последните 33 натпревари, РФС Рига загубила само еднаш.

И според квотите во Sport Life, РФС Рига е фаворит со квота од 1.93, но победа на Македонија ЃП на денешниот натпревар носи одлична вота од 3.95.

Вицешампионот од минатата сезона, екипата на Шкупи, како фаворит оди на гостувањето во Литванија кај екипата на Хегелман. На литванците оваа сезона не им оди според планот во домашното првенство и во моментов се на четвртата позиција на табелата со 31 бод, далеку зад водечката тројка.

Квотата за победа на Шкупи на гостувањето кај Хегелман во понудата на Sport Life е 2.40.

Третопласираната Шкендија има и најголеми шанси да мине во следната рунда и е апсолутен фаворит против Хаверфордвест од Велс. Квотата за победа на Шкендија во Sport Life е само 1.15 и се очекува тетовци да забележат убедлива победа и патникот во второто коло да го решат уште денес.

Шкендија во последните неколку сезони е најуспешната македонска екипа во европските купови, а новиот тренер на “црвено-црните“ од Тетово, Ардијан Нухију, во пресрет на натпреварот со велшаните најави дека целта на Шкендија оваа сезона е пласман во групите на кОнференциската лига.

- Оглас -

Најнови вести