Македонија очекувано загуби од Франција на стартот од Европското првенство во меч на кој беше поставен светски рекорд по бројот на гледачи на еден ракометен дуел. Во првите 15-тина минути Македонија го изненади противникот и имаше водство од 10:8, но потоа Галските петли заиграа многу подобро, па на полувреме заминаа со предност од 17:13.
Во втроиот дел немаше многу неизвесност. Франција го одржуваше водството, а во последните 15-тина минути го засилија темпото и на крајот стигнаа до највисока предност од 10 гола.
Тоа што е интересно е дека во текот на сите 60 минути немаше ниту едно исклучување од две минути на двете страни што е реткост во ракометот, па дури немаше ни јавна опомена односно жолт картон кој најчесто судиите прво го покажуваат пред да доделат исклучување.