35.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Македонија и Светско првенство – па тоа е љубов која непрекинато трае 12 години (Фотогалерија)

Ракометарите на македонската репрезентација донесоа уште една нова незаборавна ноќ во „Борис Трајковски“ и многу причини за славје. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров ја остварија целта, а тоа е да ги победат Фарски острови со повеќе од седум гола разлика. На крајот, Македонија славеше со 34:26 и го визираше патот на уште едно Светско првенство.

За Македонија ова ќе биде деветти настап на Мундијалите, а дури седми во низа. Бевме на СП во 1999 и 2009 година, но од 2013 година започна серијата која уште трае, а тоа е да не смее да има планетарен собир без Македонија. Така ќе биде и во 2025 година.

По победата над Фарски острови многу емоции кај ракометарите, челниците на РФМ и навивачите кои секогаш се играч плус за Македонија, посебно кога играме на домашен терен.

Ждрепката за групите на Мундијалот ќе биде на 29 мај.

- Оглас -

Најнови вести