Македонија и во втората контролка го преслуша Чиле

Ракометната репрезентација на Македонија сигурно ја доби и втората контролка против Чиле со 28:24 за успешно комплетирање на јануарскиот подготвителен период.

Селекторот Данило Брестовац уште еднаш им даде доверба на помладите репрезентативци, кои пак до позитивниот резултат стигнаа и без искуството на капитенот Кирил Лазаров.

Предноста од 16:12 остварена од првите 30 минути беше задржана и во второто полувреме, а во одреден момент Македонија имаше и највисоки +6 при 27:21, по што беше јасно дека триумфот ќе биде во корист на нашата селекција.

Кузмановски предводеше со четири гола, по три погодоци реализираа Талески, Пешевски и Поповски.

По последната проверка во рамките на ЕХФ неделата, останува прашањето да се види до вторник дали Македонија ќе влета на ракометниот Мундијал како прва резерва.

 

- Оглас -

Најнови вести