Македонија ќе има тешка мисија: Грузија нема ниеден пораз во Лигата на нации

Македонија против Грузија во Тбилиси. Очекувавме ова да биде мечот кој требаше да го најавиме во март оваа година и тоа како дел од финалето во плејофот во Лигата на нации за пласман на Евроското првенство 2020. Сепак, поради пандемијата со Коронавирусот и Македонија и Грузија останаа во исчекување дали ќе успеат да се пласираат на завршницата од континенталното натпреварување. Тие мечеви од плејофот ќе се играат во октомври, а пред тоа Македонија и Грузија попладнево ќе играа во новата сезона од Лигата на нации.

Грузија е селекција која досега одигра седум меча откако се формираше Лигата на нации и нема ниеден пораз. Со шест победи и едно реми и гол разлика од 13 дадени и само два примени гола, Грузија потврдува дека е сериозен ривал и вистински тест за Македонија.

Според имињата на фудбалерите во двата состави, Македонија напаѓачки треба да е многу поопасна. Капитенот Горан Пандев има 34 погодоци, а сите повикани во составот на Грузија може да се пофалат со 37 голови за националниот состав. Во македонската репрезентација бројот на голови дадени од овие фудбалер е дури 82.

 

- Оглас -

Најнови вести