Македонија мора да ја победи Грузија, иако квотите велат дека не е фаворит

Младата репрезентација на Македонија од 13 часот на комплексот „Петар Милошевски“ покрај ФФМ ќе игра против Грузија во меч од квалификациите за пласман на Европското првенство кое во 2025 година ќе се игра во Словачка.

Македонија во овие квалификации стартуваше со победа на гости кај Шведска, но потоа следуваа два пораза. Прво очекувано загубивме од фаворитот Холандија, но потоа неочекувано капитулиравме и на гости од младинците на Молдавија. Токму затоа овој меч против Грузија едноставно мора да се добие ако сакаме да останеме во трка за горниот дел од табелата.

„Можам да ветам дека ќе одиграме максимално борбено и ангажирано на секој дел од теренот и во текот на сите 90 минути. Тоа е нашата одлика што нè красеше на првите два меча, голема пожртвуваност и надигрување. Ќе го дадеме нашиот максимум со цел да се вратиме на победничките патеки по неочекуваниот пораз од Молдавија. Репрезентацијата на Грузија е доста незгоден противник, но доколку одиграме како што знаеме и умееме, верувам дека ќе славиме победа и ќе освоиме три бода. Се подготвуваме за овој натпревар, ги слушаме советите од нашите тренери, знаеме кои се нивните слабости, знаеме што е потребно за да се извојува победа, која ни е неопходна во овој момент“, рече Иван Николов.

 

- Оглас -

Најнови вести