Македонската фудбалска репрезентација се подготвува за пат кон Букурешт, каде што ќе треба да одигра два од трите меча во групната фаза од Европското првенство. На 13 јуни прв ривал ќе биде Австрија, селекција која нема дадено гол на последните три меча кои ги одигра. Тоа може да биде мотив повеќе за Македонија да стартува со победа на ЕП.
По дуелот со Австрија, следува меч против Украина, селекција која според многумина, е ривал против кој може рамноправно да парираме и да се обидеме да стигнеме до три бода.
Во последното коло, Македонија ќе гостува во Амстердам кај Холандија, а Лалињата се апсолутни фаворити. Сепак, како најава за Европското првенство, постојат многу патриотски тикети кои доколку изненадат, може да ве направат милионер.
Само за 20 вложени денари, потенцијалната добивка е 1.000.000 денари ако одиграте дека Македонија на трите меча ќе води на полувреме и на крајот ќе победи. Во таква ситуација треба да има 3+ голови против Австрија, 4+ погодоци во дуелот со Украина и 2+ гола против фаворитот Холандија.